Уапсенa e терористичка група која планирала загрозување на безбедноста во Македонија

Од:

Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој појасни дека се постапувало по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција во делот на приведување четири лица.

Постапено е, истакна Тошковски, и по наредба на судија на претходна постапка и извршени се претреси на повеќе локации. Според него, постојат основани сомненија и МВР поднело кривична пријава.

– Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели, рече Тошковски.

Во текот на денов, лицата кои се македонски државјани, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и ќе следат соодветни постапки.

– Кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а во однос на мотивите имаме основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи, подвлече Тошковски.

Би можело да ве интересира

Тошковски најавува заострување на казните за пиротехнички средства

ВИДЕО: Убиен 22-годишен турски државјанин во Стара чаршија, напаѓачот е во бегство

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Тошковски: За брзини до 100 км на час ќе има толеранција од 6 километри

А1он

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

Тошковски: Тест-периодот на „Безбеден град“ со охрабрувачки резултати

Горан Наумовски