Уапсена е 58-годишна жена која ја тепала, па и се заканувала на снаата

Од:

Педесет и осумгодишна жена од неготинско село била приведена, откако била пријавена за физички напад и закани кон снаата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 21.05 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ја уапсиле К.У. од неготинско село, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 32-годишна снаа за син и ѝ се заканувала, појаснуваат од СВР – Велес.

Како што додаваат оттаму, К.У. била приведена во полициска станица и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, лишени од слобода и приведени 14 лица

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки