Уапсен уште еден осомничен за убиството кај Смилковско Езеро

Од:

Полицијата го уапси 28-годишниот С.Љ. осомничен за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи тој е приведен при обид да излезе од Македонија на граничниот премин Блаце. С.Љ. е изведен пред истражен судија и му е изречен притвор од 30 дена.

За убиството кај Смилковското Езерово, во Кривичниот суд во Скопје е почнат процес против шест обвинети лица. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се уште се во косовските затвори и покрај барањето за нивна екстрадиција во Македонија.

Петкраткратното убиство се случи лани на Велики четврток на брегот на Смилковското Езеро. Беа убиени четворица млади жители на Бутел и Радишани и риболовец од соседното село Црешево.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски