Уапсен убиецот на Адеми

Од:

22-годишниот тетовец, осомничен за крвавото убиство кое се случи на ноќта на вештерките, полицијата го уапси синоќа околу 19 часот кај мостот на Вардар во тетовското село Сиричино.

Тој е задржан е во СВР Тетово и со соодветна пријава во текот на денов ќе биде изведен пред истражен судија на тетовскиот основен суд.

Осомничен е дека во средата со нож го избодел 38–годишниот Рамадан Адеми кој подоцна почина во болница.

Адеми со уште двајца колеги биле обезбедување на приватна забава по повод ноќта на вештерките која се одржувала во кафулето „Али баба“ во Тетово.

Осомничениот заедно со уште две лица биле спречени да влезат од страна на обезбедувањето, кое им посочило дека се работи за приватна забава.

Поради тоа, сега приведениот, извадил нож и им нанел тешки убодни рани на тројцата обезбедувачи, кои за Адеми биле смртоносни.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа