Уапсен шверцер на текстил и делови за автомобили

Од:

Притворен е 50 годишен скопјанец осомничен за криумчарење и царинска измама на поголема количина текстилна роба и авто делови.

Како што соопшти МВР, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против Е.А. поради постоење основано сомнение дека на 9 јуни 2016 година извршил кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама “.

– Пријавениот, откако претходно на засега неутврден начин и од засега непознато лице набавил поголема количина на разновидна трговска стока: текстилна роба (1566 парчиња блузи, 594 парчиња свечени фустани), потоа 1373 метри завеси за дом, 3250 најлон вреќи, автоделови (ламели за возила, куќиште за филтер, АГР вентили, Бош филтери, Гаф пакинг, поклопец за филтер, сидат вентили, термостати, свеќици, водни пумпи, федери за амортизери, алуминиумски грани, пластични црева, гумени навои, дихтунзи, управувачки осовини, зглобови за ПМВ, јабучици, лагери, ребрасти каиши со затегачи), како и 3660 литри моторно масло и друго – стока за која не поседувал соодветна документација и која била предмет на кривично дело „криумчарање“ истата ја натоварил во товарно моторно возило со намера дел да ја пласира на македонскиот пазар, а дел да биде пренесена преку гранична линија, се наведува во соопштението.

Според МВР, на наведениот датум околу 18 часот на локалниот пат село Побожје-Бродец во насока кон село Танушевци, товарното моторно возило кое било управувано од пријавениот, при извршување на редовни контроли било сопрено од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север. Осомничениот бил приведен и предаден во полициската станица Гази Баба, каде при извршена контрола и преглед на внатрешноста и багажниот простор на возилото била пронајдена предметната трговската стока која заедно со возилото се одземени, а со пријавениот бил извршен разговор.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје било извршено фотодокументирање на возилото како и на пронајдената количина на трговска стока. Во врска со кривично правниот настан од страна на службени лица од Државниот пазарен инспекторат-Скопје во ПС Гази Баба, бил извршен инспекциски надзор пришто бил изготвен и записник.

Од МВР информираат дека против Е.А. поднесени се и други кривични пријави кско што се: „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“,„повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, „криумчарење“, „лажно пријавување на кривично дело“ и „недозволена трговија.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

(ВИДЕО) Македонската царина заплени цигари вредни девет милиони денари