Уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини

Од:

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, е уапсен под сомнение за сторени кривични дела проневера и злоупотреба.

Сејдини, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, е уапсен од полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и од Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје.

Од Обвинителство информираат дека сè уште се преземаат дејства и по завршувањето, ќе бидат споделени повеќе информаци.

– Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба. Се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинитеел, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек – информираат од ЈОРСМ.

Муамед Сејдини беше на чело на ФФМ во два мандати, од 2019 до 2025 година.

Сејдини во февруари годинава беше суспендиран на две години од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) поради измама и злоупотреба на овластувања.

Дисциплинската комисија на ФФМ, утврдила дека Сејдини, злоупотребувајќи ја својата положба, потпишал договор со вметнат услов за авансно плаќање од 20%, кој не бил дел од прифатената понуда заизградаб ана трибина на стадинот „Билјанини Извори“ во Охрид, при што авансот бил исплатен без обезбедена банкарска гаранција и без соодветно овластување.

Со ваквото постапување, Дисциплинската комисија утврди дека Муамед Сејдини го измамил и довел во заблуда Управниот одбор на ФФМ и нанел сериозна материјална штета на Федерацијата, поради што му е изречена соодветната дисциплинска санкција.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возеше 168 км/ч на место каде е дозволено 80

А1он

Македонец фатен на српски граничен премин по меѓународна потерница од Грција

А1он