Уапсен млад штипјанец, два дена по ред од кола пукал во воздух пред група луѓе

Од:

19-годишен жител на Штип вчера бил уапсен откако полицијата утврдила дека тој два дена по ред, со неговиот автомобил „Ауди“ доаѓал пред продавница во градот каде се собирале луѓе и пукал во воздух со пиштол.

„На 03.06.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип затоа што во два наврати, на 02.06. и 03.06.2021 пред продавница на ул.„Черења“ во Штип, каде била насобрана поголема група на граѓани, од неговото патничко моторно возило „ауди“од огнено оружје испукал неколку куршуми“, соопшти полицијата.

Во врска со инцидентот на службен разговор се повикани повеќе лица, а запознаен бил и Јавен обвинител и се работи на целосно комплетирање на случајот, по што против Е.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс