Уапсен мажот кој има 59 години и се закануваше на малолетничка дека ќе ја силува

Од:

Приведен мажот кој им се закануваше на малолетнички дека ќе ги силува и им праќаше еротски фотографии од половиот орган. Станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, кој престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе. Извршен е и претрес во домот на М.А. во светиколското село, каде што приведениот маж престојувал. Мажот кој се закануваше и праќаше еротски фотографии е приведен поради сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена наредба од Основен суд Свети Николе,  извршен е претрес во домот на М.А.(63) во с. Ерџелија, каде што престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, велат од МВР за „А1он“

Вчера, администраторите на страницата „Стоп педофилија“ за „А1он“ објаснија дека девојчињата добивале закани дека ќе бидат киднапирани и силувани, ако кажат на некому за пораките кои им биле испраќани. Фотографиите од пораките до администраторите ги испратила нивна другарка. Тие биле вознемирени, па затоа одбија да говорат за медиуми и новинари.

Како што веќе објавивме, пораки со содржина „Срце многу си убава, дојди во живо да се видиме да ти манам еден добар секс“ од средовечен маж биле испраќани кон 15-годишни девојчиња преку „Фејсбук“. Од објавените фотографии од разговорот се гледа како корисникот, кој сега го избриша профилот, се обидува да воспостави и повик со едно од девојчињата, но тоа не одговара. Но и покрај тоа, тој продолжил да ѝ се обраќа: „Срце многу си била тврдоглава, немој така, опушти се со мене, ќе играме, ќе ти го зач*кам, ќе стенкаш, важи срце, тоа убаво г*зе да ти го јадам, да ти сврш*м во уста, мала што ја имаш“.

Бидејќи и натаму не добива одговор, тој пишува: „Зошто водиш инат, ако сакаш со сила има да спиеш со мене, разбираш, ама знај на каков бил начин ќе те легнам со мене во кревет. Јас сакам со убаво да те опуштам, а ти неќеш, сакаш со сила така. Епа со сила ќе ми го пушиш, девојче и 2 саата ќе ти го зачукам. Знај, биди спремна со сила“.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Пензионер од гевгелиско село силувал 14-годишно дете

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него