„Со сила ќе ми го пу**ш“, средовечен маж се заканувал на 15-годишно девојче дека ќе го силува

Од:

„Срце многу си убава, дојди во живо да се видиме да ти манам еден добар секс“, со ваква порака, средовечен човек, како што се наведува, му се обраќал на 15-годишно девојче, преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Во продолжение на објавените фотографии од разговорот се гледа како корисникот на „Фејсбук“  се обидува да воспостави повик, а во текот на разговорот дополнува „Срце многу убави усни имаш, ќе ми го пу*иш со тие убави усни пу-пу-пу“. На овој случај веќе работи и Секторот за компјутерски криминал при МВР, за да го пронајде лицето кое стои зад профилот.

Средовечниот маж пишувал во повеќе наврати, се гледа од објавената комуникација, но не добивал одговор. Но и покрај тоа, тој продолжил да ѝ се обраќа: „Срце многу си била тврдоглава, немој така, опушти се со мене, ќе играме, ќе ти го зач*кам, ќе стенкаш, важи срце, тоа убаво г*зе да ти го јадам, да ти сврш*м во уста, мала што ја имаш“.

Фотографиите од комуникацијата се јавно објавени на профилот „Стоп педофилија“ со текст: „Да го направиме славен човекот кој пишува вакви погани работи на 15-годишни девојчиња и се заканува дека ќе ги киднапира и ќе ги силува. Доколку некој од вас го има во пријатели избришете го заради ваша безбедност и безбедност на вашите деца“, без да се открие, а со цел да се заштити идентитетот на девојчето кон кое биле праќани овие пораки.

Во продолжение на објавената комуникација на социјалните мрежи се гледа како лицето кое ги праќа пораките испратило и фотографија од својот лик, за потоа да понуди да прати слика до девојчето и од својот полов орган.

Бидејќи и натаму не добива одговор, тој пишува: „Зошто водиш инат, ако сакаш со сила има да спиеш со мене, разбираш, ама знај на каков бил начин ќе те легнам со мене во кревет. Јас сакам со убаво да те опуштам, а ти неќеш, сакаш со сила така. Епа со сила ќе ми го пушиш, девојче и 2 саата ќе ти го зачукам. Знај, биди спремна со сила“.

Од МВР велат само кратко дека се работи на случајот, а по негово расчистување ќе излезат со детални информации.

Би можело да ве интересира

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Старец се допирал по гениталиите и фотографирал девојче во автобус на ЈСП

Педофил нападнал три годишно дете во Дебар маало, успеал да го соблече пред мајката да повика полиција

А1он

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ