Избришан профилот на мажот што му се закануваше на девојче дека ќе го силува

Од:

Профилот на средовечниот маж што им се заканувал на малолетнички дека ќе ги силува и им праќал еротски фотографии од половиот орган е затворен. Доколку се пребара со името, како што беше именуван профилот на „Фејсбук“, може да се види дека тој повеќе не се појавува во резултати од пребарувањето. Од Секторот за компјутерски криминал на МВР и натаму работат на пронаоѓање на лицето што стоело зад профилот, како и на малолетничките што се споменуваат дека добивале закани.

Попладнево, администраторите на страницата „Стоп педофилија“ за „А1он“ објаснија дека девојчињата добивале закани дека ќе бидат киднапирани и силувани ако некому му кажат за пораките што им биле испраќани. Фотографиите од пораките до администраторите ги испратила нивна другарка. Тие биле вознемирени, па затоа одбија да говорат за медиуми и новинари.

Како што веќе објавивме, пораки со содржина: „Срце, многу си убава, дојди во живо да се видиме да ти манам еден добар секс“, од средовечен маж биле испраќани кон 15-годишни девојчиња преку „Фејсбук“. Од објавените фотографии од разговорот се гледа како корисникот, кој сега го избриша својот профил, сака да воспостави и повик со едно од девојчињата, но тоа не одговара. Но, и покрај тоа, тој продолжил да ѝ се обраќа: „Срце, многу си била тврдоглава, немој така, опушти се со мене, ќе играме, ќе ти го зач*кам, ќе стенкаш, важи срце, тоа убаво г*зе да ти го јадам, да ти сврш*м во устата мала што ја имаш“.

Бидејќи и натаму не добива одговор, тој пишува: „Зошто водиш инат, ако сакаш со сила, има да спиеш со мене, разбираш, ама знај на каков било начин ќе те легнам со мене во кревет. Јас сакам со убаво да те опуштам, а ти неќеш, сакаш со сила, така. Е, па, со сила ќе ми го пу*иш, девојче, и 2 саата ќе ти го зачукам. Знај, биди спремна со сила“.

Би можело да ве интересира

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче