Уапсен лихвар од Тетово, пронајдени се списоци со должници и предмети земени од жртвите

Од:

Вчера во 10.20 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници го уапсиле Џ.Д.(56) од тетовското село Гајре поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

При контрола во објектот, полициски службеници извршиле преглед на повеќе лица и притоа кај Џ.Д. биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, список со должници и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело.

Подоцна, со судска наредба, во присуство на адвокат, неговата сопруга и неговиот брат, биле извршени претреси во два негови станови во Тетово, како и во семејниот дом во с.Гајре.

Притоа, во едниот стан во Тетово и во домот во с.Гајре биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, тетратки со списоци од должници и телефонски броеви, три лап-топ компјутери, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Уапсениот е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии