Уапсен е соучесникот во убиството на Агим Муареми во Батинци, се трага по убиецот

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело Убиство согласно член 123 став 2 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 11 јули во селото Батинци, осомничените заедно и по претходен договор, со умисла го лишиле од живот сега починатиот Агим Муареми, а притоа го довеле во опасност и животот на неговата ќерка.

На наведеното место пристигнале со автомобил опел астра” со кој управувал вториот осомничен, додека првиот осомничен и уште две за сега непознати лица биле сопатници. Со возилото го пресекле патот на автомобилот киа соренто“ во кој биле оштетените.

Првоосомничениот со огнено оружје пиштол испукал пет куршуми кон сега починатиот и неговата ќерка, притоа нанесувајќи му на оштетениот две огненострелни рани во градниот кош и заканувајќи се дека ќе им го убие целото семејство.

Жртвата успеала да излезе од возилото со цел да спречи убивање или грабнување на неговата ќерка и тргнал кон напаѓачите, на што тие веднаш влегле во нивниот автомобил и избегале. Ќерката повикала роднини кои го пренеле таткото во болница, но тој таму им подлегнал на здобиените повреди.

Наредбите издадени од јавниот обвинител до овој момент резултираа со идентификување на лицето сопственик и возач на автомобилот во кој биле сторителите. Тој е лишен од слобода и денеска беше изведен пред судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, каде јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.

Потрагата за првиот осомничен продолжува, а јавниот обвинител издава наредби за идентификација и на другите за сега непознати лица инволвирани во настанот.

Би можело да ве интересира

Го убија другарот (15) со нож и секира, па го запалија телото – причина за злосторството е љубомора

А1он

Напад во Австралија: Тројца убиени, напаѓачот е во бегство

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

Го уби татко му затоа што му го зема нинтендото

А1он

Полицаец призна убиство на бремена фитнес инструкторка – играле „игри со задушување“

А1он

Екс корзикански националистички лидер убиен на погребот на мајка му

А1он