Уапсен е скопјанец кој пукаше кон сопругата, па им се закануваше на ќерките

Од:

На подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го уапсија Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека со пиштол пукаше кон неговата 48-годишна сопруга, им се закануваше на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, а една од нив и физички ја нападна.

„Според пријавеното, на 1.3.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил околу 22.30 часот на 5.3.2026, при што повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречемн од ќерките да не го употреби“, извести МВР.

Б.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат и пријавуваат

Тројца уапсени за семејно насилство, седум пријави во последното деноноќие

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он