Уапсен бегалец од „Идризово“, имал големо криминално минато

Од:

Полицијата извести дека денеска на улица „107“ во Тетово, полициски службеници го уапсиле Е.Б.(31) од тетовското село Слатино.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторени кривични дела „тешка кражба“, „разбојништво“, „уцена“, „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“ и „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ поради бегство од установата.

– Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа затвор „Идризово“ за доиздржување на две години и шест месеци од казната, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Со закани бараше пари од поранешниот партнер на ќерката, уапсен е жител на Идризово

Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, не е утврдено дали е автентична

ВИДЕО: Детали за киднапирањето на Николас Мадуро, заврши во притвор во САД

Нови апсења во Турција за наместени натпревари, меѓу приведените е и поранешниот потпретседател на Галатасарај

Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса

Четиринаесет уапсени во борба против мафијата: Голема рација во Италија