ВИДЕО: Уапсен актерот Кирил Поп Христов

Од:

Актерот Кирил Поп Христов утринава е уапсен поради нелегално поседување на дрога. Полицијата запленила 80 саксии марихуана одгледувана во две простории во подрумот на викенд куќа во Визбегово, каде живеел неговиот брат.

– Пронајдени се  25 саксии со стебла во висина од 0,7 м до 1 м, 33 саксии со стебла во висина од 2 см до 30 см, 2 саксии со овенати стебла, еден пластичен сад со електричен систем за наводнување и 20 стебла во големина од околу 10 см, рефлектори, термостат, приклучоци за струја, продолжни кабли, вентилатори, соопштуваат од полицијата.

Актерот и неговиот брат, кој е во бегство, според полицијата во 2012-та година од Холандија набавиле семенски материјал, специјално подготвиле и опремиле две простории, произведувале расад од семенскиот материјал кој потоа го пресадувале во саксии со цел да израснат стебла од растението “Canabis Sativa“.

МВР објави видео од мини-лабораторијата за марихуана на Кили што се наоѓала во Визбегово, а за истото дело актерот беше уапсен и пред четири години.

Пред шест дена, актерот на улицата Македонија во Скопје го отвори првиот ѕид за јавно изразување, на тема „Слобода е…“, на кој случајните минувачи можат да напишат што претставува слобода. Отворајќи го настанот, актерот Кирил Поп Христов истакна:

„Зошто кога сме слободни, сме посилни, подобри, поуспешни и посреќни? Зошто некои луѓе и режими имаат потреба да ги заплашуваат граѓаните, да им го одземат правото на сопствен став и мислење , да ја умртват дебатата, да го затворат јавниот простор, да ја заглушат слободата на изразување? Зошто во Македонија граѓаните молчат? Зошто се плашат јасно, гласно и јавно да критикуваат и да кажат што мислат? Зошто наместо јавна дебата, во Македонија живее етикетирањето и дисквалификувањето? Зошто македонските граѓани не дишат со полни гради и не зборуваат слободно?

На актерот шест дена подоцна му се случи истата сцена од филмот „Тетовирање“, делот со репликата:

– Ме собираат за хорс само тогаш кога ќе се појави моја опасна емисија. Као да ја не се дрогирам коа нема емисија.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава