ТВ Телма: Трајчевски манипулира и му се причинуваат анкети

Од:

Телевизија Телма реагираше на изјавата на претседателот на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиуми Зоран Трајчевски дека со објавувањето на анкетата на агенцијата „Рејтинг“, ТВ Телма и 24 Вести се обиделе да манипулираат со гласачите, а со цел да се обезбеди победа на опозицијата.

„ТЕЛМА во ниту едни вести нема објавено анкета за рејтинг на политички партии или на кандидати за претседател, ниту за овие избори, ниту пак во последните неколку изборни циклуси.Тоа е долгогодишен наш став, со оглед на тоа дека анкетите се оружје со кое партите политички се убиваат меѓу себа, па одлучивме да не бидеме ничии соучесници.Токму заради тоа, досега, во 24 – годишниот демократски амбиент во Македонија, незабележан е обидот на претседателот на Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски за манипулација со јавноста дека ТЕЛМА „со презентирање на нереспектабилни истражувања на јавното мислење“ се обидела да обезбеди изборна победа за опозицијата, се вели во реакцијата на ТВ Телма.

-Бројките со кои нечесно игра Претседателот на Агенцијата за медиуми, не се поткрепени ниту во извештајот на стручните служби на Агенцијата, во кој известувањето на ТЕЛМА за изборната кампања за претседател е оценето како релативно избалансирано!

За волја на вистината, нашата прецизна евиденција за застапеноста на политичките субјекти преку нивните митинзи и обраќања во третото издание на вестите во 21.40 часот, термин договорен за мониторинг со Агенцијата за медиуми, е во сооднос 44 минути и 35 секунди за Ѓорге Иванов и 44 минути и 30 секунди за Стево Пендаровски. Класично новинарско известување, без никаков коментар!

Оттука, изненадува и загрижува селективниот и тенденциозен однос кон Телма од страна на Зоран Трајчевски, кој си дозволува политички да не` етикетира, а згора на тоа, невоспитано омаловажува една меѓународна организација како ОБСЕ, која патем во Македонија е на покана на нашата Влада, реагираат од Телма.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“