ТВ Алфа и Сител 3 ќе бидат затворени ако за 15 дена не ги платат дозволите за работа

Од:

Алфа, Сител 3, Сонце, Скопје и Радио Слободна Македонија имаат рок од 15 дена да си ги платат фактурите за дозволите за работа, на денешната седница едногласно одлучија членовите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со одлуката, овие 5 радиодифузери имаат 15 дена рок да си го платат долгот – Алфа од 3,5 милиони денари, до вчера уплатила 1 милион.

И ТВ Скопје уплатила делумно, додека останатите 3 медиуми воопшто не уплатиле.

Членовите на Агенцијата рекоа дека немаат избор освен да почнат постапка за одземање на дозволите. Не може да се прифати плаќање на рати зашто тоа не било пракса досега.

Членот на Советот, Зоран Фиданоски рече дека се надева оти радиодифузерите ќе ги платат фактурите, а имаат можност да се обратат и до Управниот суд.

Милаим Фетаи рече дека во минатото во 90% од случаите долгот бил подмируван и нагласи дека телевизиите ќе бидат известени за одлуките на Агенцијата.

В.М.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми