Дојдов со силна порака од лидерите и институциите на Европската Унија, посветеноста на ЕУ на вашата европска перспектива е недвосмислена. Работењето кон постигнување и добивање на членство во ЕУ и НАТО постојано се покажуваше како фактор на единство, единство кое што е многу потребно во вашата земја денес и од тука се надевам ќе продолжите да го следите тој внатрешен компас и да избегнувате се она што може да ги подгрее тензиите и меѓу другото и по етничка основа, рече Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
– Оваа продолжена криза ја задржува вашата земја на нејзиниот евро-атлански пат. На вас останува да најдете решение кое што ќе биде засновано на демократските начела, пристојност и здрав разум. Само таквото решение може да биде одржливо, кога ќе го пронајдете можете да сметате на нашата поддршка, им порача Туск на македонските политичари.
Во врска со мигрантската криза, Туск изјави дека овие времиња кои не се ниту малку лесни бараат државнички однос и ништо помалку.
-Во 2015 година вие бевте на првиот удар од кризата соочувајќи се со дотогаш незабележан прилив на мигранти и бегалци кои што доаѓаа од Турција преку Грција. Вие сте во најдобра позиција од сите да кажете колку важно беше да се зтвори рутата на западниот балкан и повторно да се обезбеди контрола врз границите за како резултат на тоа да има и стабилност во регионот, рече Туск.
Како што кажа Претседателот на Европскиот совет , развиена е сеопфатна стратегија за справување со миграциската криза и поради тоа денес рутата на западниот балкан практично останува затворена.
-Сакаме да се осигураме дека ваквата заемна корисна соработка ќе продолжи и во иднина. Од тука остануваме подготвени да излеземе во пресрет на вашите потреби на теренот без оглед дали станува збор за хуманитарна поддршка за локалните заедници или во форма на опрема или човечки ресурси, меѓу другото и преку граничната полиција на ЕУ, рече Туск.
Виктор Јованов