Турски хирурзи ќе ги споделуваат искуствата со нашите

Од:

Хирурзи од Центарот за трансплантација при една од водечките организации за медицински третман во Европа и на Средниот Исток, Групацијата „Флоренс Најтингел“ од Турција ќе ги споделуваат нивните искуства со нивните колеги од Македонија.

Министерот за здравство Никола Тодоров пред почетокот на конференцијата истакна дека единствен начин да се спаси нечиј живот е трансплантација на органи или на ткиво.

– Република Турција е меѓу најдобрите центри во светот во кои се изведуваат трансплантации. Имаме обрвска да се обидеме покрај можноста да инвестираме во овој сегмент постојано да вршиме трансфер на знаења од земји каде е ова развиено и во Македонија да ги подигнеме капацитетите на македонскиот здравствен систем, рече Тодоров.

Тој укажа дека она на кое сега се многу фокусирани е отпочнување на трансплантации од починати во Македонија.

– Во тој дел има измени на Законот за пресадување на делови од човечко тело кои веќе се во владина процедура по чие докомплетирање, се очекува да добијат подршка и во Собранието. Паралелно со тоа работиме и на една уредба која ќе овозможи особено раздвижување на трансплантацијата во делот на ткивата, зборувам и за трансплантација на рожница во делот на офталмологијата, но и за трансплантација на клетки во делот на матичните клетки. Се обидуваме од сите аспекти да му пристапиме на овој сегмент, истакна Тодоров.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски