Туристичките потенцијали на Струмица пред амбасадорите на Србија, Кина и Јапонија

Од:

Амбасадорите на Србија Душанка Дивјак Томиќ, на Јапонија Кеико Ханеда и заменик амбасадорот на Кина Мао Кингвен денеска се запознаа со убавините на Струмица и регионот на средбата со вршителот на должност градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов.

На состанокот организиран како дел од соработката со здружението „Добредојде Македонија“ било презентирано културно-уметничкото богатство на регионот со цел запознавање со убавините на Македонија.

– Разговаравме за манастирските комплекси во Водоча и во Вељуса што претставува еден од најстарите манастири кои датираат од 11 век. Ги спомнавме и римските терми во Банско, а не ја пропуштив можноста да ги спомнам и интернационалните фестивали, на Камерен театар „Ристо Шишков“, на краток филм „Астерфест“, и секако Струмичкиот карневал кој е во топ-20те улични фестивали, рече Костадинов.

Посочи, дека очекува Струмица да стане приоритетна во туристичките тури на агенциите за гостите од Кина од Србија и од Јапонија.

Почесниот претседател на Зружението „Добредојде Македонија“, амбасадорот на Република Србија во Македонија Душанка Дивјак Томиќ, посочи дека го промовираат пријателството.

– Наша задача и желба е да го промовираме пријателството меѓу народите, меѓу државите, межу локалните заедници. Денес имаме голема прилика да ги запознаеме туристичките потенцијали на Струмица. Сакаме да се приближиме се повеќе и во иднина тоа да го искористиме за развој на пријателски врски, рече Дивјак Томиќ.

Делегацијата на странските амбасади ги посети и локалитетите кои важат за белег на Струмица и околината и можност за привлекување голем број туристи.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица