Туристички работници очекуваат Охрид да се наполни за претстојниот празник

Од:

Високите температури кои ја зафатија земјава го наполни со гости Охрид. Сите субјекти инволвирани во туризмот повеќе или согласни дека 2013 ќе биде една од најслабите туристички сезони во Охрид во последните десетина години.

Општ е заклучокот дека изостанаа најбројните гости на Охридската ривиера, српските туристи кои важат за добри потрошувачи, додека на нивно место е забележан зголемен број гости од западноевропските држави, но оние кои преку кружните тури организирани во регионот се на поминување односно кои во Охрид престојуваат најмногу до два дена.

Иако, вкупниот број на туристите секогаш не мора да значи и помал приход од дејноста, сепак повеќе од сигурно е дека оваа година драстично е намален бројот туристи во приватното сместување, односно дека голем дел од приватните станоиздавачи ќе останат без приходите на кои беа навикнати минатите години.

За причините што доведоа до таква состојба во туристичката дејност во Охрид секој од субјектите со свои видувања – од неповолните временски услови, лошата инфстраструктурна поврзаност на градот, лошата инфраструктура во градот, цени повисоки во споредба со конкуренцијата, потоа практикувањето да им се наплаќа на гостите за се и сешто, пребукираноста на плажите издадени под концесија со лежалки чие изнајмување е нереално скапо, нападен, нељубезен персонал во угостителските објекти, таксисти со свои тарифи, бучава во градот особено во ноќните часови, се до високи давачки на угостителските субјекти, интезивни инспекциски контроли на трговците, угостителите итн. И тоа без исклучок, секој од субјектите инволвирани во туристичката дејност со најмалку барем една причина за лошата сезона.

Статистички мошне е тешко да се утврди бројот туристи во Охрид бидејќи никој не располага со точни бројки, најмногу поради неможноста да се утврди бројот на гости кои престојуваат во градот во приватни станови или во сместувачки капацитети што им ги нудат одредени домашни туристички агенции, за кои охридските станоиздавачи сметаат дека се нивна нелојална конкуренција најболната точка за туризмот.

Бројките со кои се располага говорат дека последните десет години Охрид воопшто не бележи напредок кога е во прашање туристичката дејност, освен во делот странски туристи кои организирано доаѓаат, особено гостите од Бенелукс што летуваат преку закупени аранжмани на холандските тур-оператори.

Според податоците, во 2000 година во шпицот на туристчката сезона градот го посетиле 130 илјади домашни туристи, како и околу 33 илјади стрински туристи, додека во 2010 година се регистрирани 90 илјади домашни односно 40 илјади странски туристи.

На Охрид, како што оцени и  Локалниот економски совет, му е потребна стратегија, изработка на осмислен специфичен туристички производ, согласно максимално искористување на предностите што ги поседува градот како што се културно-историските реткости и природните убавини, како и поголеми инвестиции во подобрување на инфраструктурата и содржини што би го свртеле вниманието и натерало гостите своите неколку денови одмор да ги минат токму тука.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски