Туристичките работници бараат субвенции за плати и автобусите да возат со полн капацитет

Од:

Ослободување на превозот од досегашниот протокол од 50 на 100 проценти капацитет и субвеционирање на плати е ултиматумот кој го поставија туристичките агенции до 15 август. Туристичките работници бараат Владата и Комисијата за заразни болести итно да го променат овој протокол за автобусите, бидејќи, како што посочуваат во соопштението, во ниту една земја во светот не постои таква одлука.

– Дали авион со 150 патници е побезбеден од автобус со 50 во кој се почитуваат сите здравствени протоколи? Додека се донесува одлука за враќање на децата во училишта, имаат време и да го разгледаат овој проблем, се вели во соопштението од туристичките работници.

Доколку не добијат субвенции за плати, велат, приморани се да стават клуч на врата, а со тоа, како што нагласуваат, пропаѓаат сите можности за обештетување на стотици илјади граѓани кои уплаќале за своите патувања.

– Никој не сака да живее на товар од државата, но таа мора да застане на страната на секторите кои паднаа колена со појавувањето на корона кризата, реагираат туристичките работници.

Додека државите се обидуваат да им помогнат на сите дејности, особено туризмот, наведуваат, нашата дополнително ја оневозможува и отежнува ситуацијата.

– Зошто никој ниту еднаш не излезе со конкретен одговор досега за кое било од нашите барања? Зошто државата се крие зад изговорот дека се чека Влада да се оформи, а во меѓувреме донесуваат други „важни“ одлуки? Зарем ние не сме важни? Кому му одговара да потоне туризмот и зошто свесно се избегнуваат нашите апели? Дали некој од министрите за економија, финансии, здравство и надворешни работи воопшто имаат совест? Додека сите тие заминаа на годишен одмор и покрај препораките да не се патува, ние не знаеме како да ги подмириме трошоците, се вели во соопштението.

Туристичките работници најавуваат масовни протести и блокирање на сите улици, доколку оваа недела не се донесат овие одлуки.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on