Тупанчески: Новата зграда на Управен суд ќе обезбеди подобри услови за водење на судските постапки

Од:

Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на отворањето на новата зграда на Управен суд.

„Управниот суд на Република Северна Македонија е мостот меѓу граѓаните и државните органи во остварувањето на заштитата на нивните права. Со отворањето на новата судска зграда ќе се унапреди и зајакне инфраструктурниот сегмент и капацитет на судот во однос на функционалноста во процесот на обезбедување на заштитата на правата и обврските на странките во постапката, преку подобрување на просторните услови за водење на судењата, работа на судскиот персонал и овозможување на соодветни услови за целокупното работење на судот“,рече во своето обраќање Тупанчески.

Министерството за правда го поздравува почетокот на овој процес кој ќе воведе свежина во формално-правното и материјално-управно правораздавање. Унапредувањето на судскиот систем и неговото функционирање се клучна претпоставка за развојот на Република Македонија како демократска правна држава и мултикултурно општество и за нејзината евро-атланска интеграција.

Во таа смисла, со донесувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за периодот 2017 – 2022 година, беа поставени неколку главни цели кои претставуваат фазно надминување на лоцираните слабости во правосудството, неговото поставување на патот на европските и меѓународните стандарди и неговото функционирање како главен столб на демократската правна држава.

Би можело да ве интересира

Лога на чекор да му го земе министерското место на Тупанчески, актуелниот министер: Се зборува дека местото ќе биде на берза

Кристијан Ландов

Тупанчески: Мора да бидеме внимателни со ветингот, дали тој ќе биде парцијален или ќе се однесува на сите функционери

Тупанчески: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит

Тупанчески: Државата е одлучна во процесот за постигнување дигитална трансформација на правосудството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тие што треба да донесат правда се испотепаа, се купува ли слобода со пари – интервју со министерот Тупанчески

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Тупанчески го оправдува Џафери за отфрлање на референдумот: Тоа би значело отворање на Пандорината кутија

Кристијан Ландов