(ВИДЕО) Тие што треба да донесат правда се испотепаа, се купува ли слобода со пари – интервју со министерот Тупанчески

Од:

Најавено е носењето на новиот Кривичен законик, во чие креирање работење и министерот за правда Никола Тупанчески. Во интервју за „А1он“ тој открива дали и натаму обвинителите ќе можат да прават спогодби како што беше во случајот „Империја“, каде се досудени три години затвор, за затаен имот вреден над 30 милиони евра. Зборува и за тоа колку лесно или тешко ќе застаруваат кривичните дела, но и дали со него ќе се донесе правда.

dobivaj vesti na viber

Досега, обвинителите и судиите сами толкуваа одредби од актуелниот Кривичен законик. Тупанчески вели дека не може да се предвидат сите ситуации за да се вметнат, па ваквата пракса, како и во светот, ќе продолжи и во Македонија, но ќе се намали можноста.

Во интервјуто, тој зборува и за корумпираноста на судиите, обвинителите и купувањето на правдата со пари. Кажува дека останува на ставот дека случајот „Рекет“ требало да биде проширен и на други лица, став кој го имаше пред три години.

За обвинувањата дека преместувањето во затворите, за да осуденици добијат подобри услови се купува со по 4-5 илјади евра, кажува дека ги чул и тој. Најавува одговорност и зборува за тоа што ќе следува.

Тупанчески, како правник и кривичар, говори и за актуелни судски случаи каде има човечки жртви како што се пожарот во тетовската модуларна болница, автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорениот автобус во Бугарија.

За тоа кој и како дели правда во Македонија, но и за неговите дружби со судии, погледнете од разговорот со Никола Тупанчески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тупанчески го оправдува Џафери за отфрлање на референдумот: Тоа би значело отворање на Пандорината кутија

Кристијан Ландов

Тупанчески: Новата зграда на Управен суд ќе обезбеди подобри услови за водење на судските постапки

Тупанчески: Недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот систем

Тупанчевски: Во КПД Идризово никој нема да биде поштеден од одговорност

Тупанчески молчи за барањата за разрешување, опомената на Грковска не го промени неговото однесување

Кристијан Ландов

Најчевска се смее на опомената за Тупанчески: Гонете се! Лепенче со пчеличка на рачето му ставиле?

Кристијан Ландов