(ВИДЕО) Тунтев: ВМРО-ДПМНЕ ги користи пратеничките групи за да се одложи разрешувањето на Зврлевски

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев не сакаше да го коментира најавеното излегување на Зијадин Села од владата ако не се донесе законот за јазици до 31 јули. Според него, извршната власт работи на пакет закони кои наскоро ќе бидат доставени до Собранието, а тука спаѓа и законот за поширока употреба на албанскиот јазик.

– До сега не е дојден пакет на закони што ги подоготвува Владата, но тој закон е дел од договорениот пакет закони и штом пристигне веднаш ќе започеме со неговор разглњедување, рече Тунтев.

Според него, преку формирањето на 10 пратенички групи ВМРО-ДПМНЕ сака да го опструира разрешувањето на државниот јавен обвинител.

– Формирање на 10 пратенички групи е со цел да се одложи распрвата за разрешеување на државниот јавен обвинител. Нивната намера е таа, не е заради поголема демократија како што тврдат. Не можеме да се надеваме дека нема да ги злопупотребат пратеничките групи што ги формираа, иако не ми е јасно зошто сакаат да ги одлагаат реформите кои и тие со свои потписи се согласија дека треба да започнат, рече Тунтев.

За барањето на Димитар Стеванаџија од ВМРО-ДПМНЕ Генералнот секретар на Собранието да се бира со посебни услови, тој праша зошто во изминатите 11 години патениците на ВМРО-ДПМНЕ не побарале вакво нешто.

– Сега имаме барање од 7-та пратеничка група, од Стевананџија, но да ги слушнеме другите пратенички групи, може 9 тата ќе побара секретарот да има Тоефел, третата шест години искуство. Гледате го каде оди апсурдот и бурлеската. Точно е предвидено со закон како се предлага и како се избира Генералниот секретар и неговите потпретседатели, не знам зошто има потреба од вакви предлози, нагласи Тунтев.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го проичита статутот

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски