Тунтев: Каде се базенот, автобуската станица, пазарот и сите ветени проекти на Бакрачевски?

Од:

ВМРО ДПМНЕ и Никола Бакрачески во својата предизборна програма пред три години и четири месеци ветуваа преродба и забрзан развој на Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески и по цели три години и четири месеци владеење не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти.

Пред 40 месеци ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески со изборната програма за локалните избори им ветија на охриѓани: изградба на нова современа автобуска станица, изградба на затворен базен за пливање, модерно градско пристаниште, изградба на затворен современ зелен пазар, изградба на катни гаражи, изградба на водоводни системи… сите овие проекти се наведени на стр. 11 од нивната изборна програма, како приоритетни проекти, рече на прес конференција, Томислав Тунтев, пратеник и претседател на ОО СДСМ Охрид.

-Еве, почитувани граѓани, било кој од Вас нека се обиде да пронајде или да посочи барем еден од овие проекти што е до овој момент реализиран… тоа е невозможно, затоа што таков реализиран проект не постои. И не само тоа… го нема ни домот за стари лица, што го ветија; го нема ни ветениот откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи; наместо ветената индустриска зона, во Мауцкер има голема депонија, на која незаконски се складира градежен шут и отпад од целиот град. Најголемите проектни достигнувања на локалната власт во Охрид се косењето на тревата, уредувањето на парковите, крпењето на дупките по улиците, замена и поставување на сијалици во градското осветлување, фарбањето на сообраќајната сигнализација и реконструкцијата на улиците, тротоарите и локалните патишта. Во секоја друга нормална цивилизирана држава ваквите активности се сметаат за редовни активности во одржувањето на комуналната инфраструктура од страна на јавните општински служби, но овде властите ги сметаат за капитални проекти и крупни развојни инвестиции.

Поради “дил ориентид“ политиките на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, како и поради виртуелните нереални и неостварливи мегаломански проекти за медитерански плажи, туристички комплекси, престижни хотели, зимски центри, монденски марини, аеродроми на вода и парапетче околу езерото, Охрид секоја година e на првото место по бројот на иселени луѓe во нашата држава. Наголемо ветуваната економска преродба и економски развој на Охрид се трансформираа во економска стагнација на градот и најголемо иселување на млади образовани луѓе во последните неколку години.

Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид започнаа со криминалниот изборен процес пред 40 месеци. Сите се сеќаваме на нелегално прислушкуваните разговори од проектот „Вистината за Македонија“, кога целата охридска јавност имаше прилика да слушне како во Охрид се користеле нелегални параполициски сили и државните ресурси, за вршење притисоци, закани и уцени врз гласачите и сеење страв помеѓу граѓаните за време на изборите. Граѓаните точно знаат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за охриѓани, туку напротив, серизоно го загрози нашето природно, културно и историско наследство, и на Плаошник, и Горица, и Студенчишта, и во Љубаништа, и Св. Наум.

И што е најтрагично, само што започна и четвртата летна туристичка сезона во Охрид со локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, а проблемите се идентични и нерешени како и пред четири години: секоја вечер граѓаните и туристите во градот се изложени на несносна бука во доцните вечерни сати од прегласната музика од угостителските објекти; многу ретко или воопшто не се почитува законското работно време на угостителските објекти и многу ретко или воопшто не се санкционира неговото непочитување; прескапо платените изградени кружни крстосници во голема мерка го усложнија одвивањето на сообраќајот, наместо да го направат поедноставно и побезбедно; жителите од стариот дел од градот секојдневно маки мачат со хаосот во одвивањето на сообраќајот и узурпираните паркинг простори; хигиената и чистотата во градот во текот на летната туристичка сезона веќе неколку години се под секаква критика.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид имаше и повеќе од доволно време да ги реализира приоритетните проекти што им ги вети на охриѓани. Но, за жал, таа тоа не го направи. Граѓаните на Охрид искрено се надеваат дека барем штетите по нашиот град нема да бидат уште поголеми во наредните осум месеци, колку што остануваат до крајот на мандатот на оваа локална власт. Како и на централно ниво, така и на локално ниво, оваа власт е во заминување, затоа што на нашите граѓани веќе преку глава им е од ваква несовесна, аздисана, криминална, режимска и недемократска власт, која со години го потценува, лаже и краде сопствениот народ и секојдневно ја навредува неговата интелигенција. Доста е, на таквата власт местото и‘ е на буништето на историјата, таму каде што наскоро и ќе се најде власта на ВМРО-ДПМНЕ, рече Тунтев.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата