(ВИДЕО) Тунтев: Јанкулоска замижала за пара полициски сили во Охрид

Од:

Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев на прес конференцијата во Охрид објави разговор, како што вели меѓу помеѓу Мартин Протогер и соговорник (обезбедување на Груевски), Мартин Протогер и Љупчо Тодоровски (Радник).

Охрид требало да се добие по секоја цена, и Јанкулоска, вели Тунтев, треба да замижи на формирање на параполициска екипа.

Нема да ти се допадне тебе ова, ама сакав да те замолам вака, да замижиш за ова.

Разговор помеѓу Мартин Протогер и соговорник (обезбедување на Груевски)

МП: Шо праиш Шах?

С: Еве сега се движам спрема Кисела вода.

МП: А да, добар си?

С: Добар да повели шо треба?

МП: Моеш ли да збориш?

С: Да.

МП: Види аа сакав да те прашам нешто ми треба една екипа да напраиме, едно 5-6 души така здрави, шо ќе дојдет у среда Охрид со мене до крај на кампања.

С: Може да се слушнеме.

МП: Да, да јави ми се. Размисли, полиција, војска, ваму таму па јави ми.

С: Добро, добро, готово.

МП:Па ќе збориме.

С: Ајде, ајде.

Разговор меѓу Мартин Протогер и Љупчо Тодоровски (Радник)

ЉТ: Ало.

МП: Љупчо шо праиш Мартин е?

ЉТ: Еј Мартин добро на работа еве.

МП: Добар си?

ЉТ: Повели, шо праиш ти?

МП: Добро бе добро, еве нешо по интернет и така. Абе види ја од утре ќе одам за Охрид, тамо, тамо ме пуштија околу кампањава малце да… и една екипа ќе напрајвме со Сашо се договоривме.

ЉТ: Добро.

МП: Луѓе шо се во МВР, па се договоривме да ти свртам и на тебе за да не им прават проблеми командирите, знаеш…

ЉТ: Добро.

МП: Ако може да им кажеш. Да ти ги пратам ја по СМС луѓето што ќе дојдат.

ЉТ: Пушти ми ги, јас ќе ги ослободам.

МП: Важи, важи, важи.

ЉТ: Нема проблем и се шо ти треба друго јави ми.

МП: Ќе ти вртам за се ако има нешто, да, да.

ЉТ: ОК. Важи, важи.

МП: Е така. ОК важи фала многу Љупчо.

9. Разговор помеѓу Мартин Протоѓер и Гордана Јанкулоска

МП: Слушај.

ГЈ: Кажи.

МП: Ја ќе одам утре за Охрид и до денот на избори ќе бидам таму.

ГЈ: Мхм.

МП: И договорив една екипа, нема да ти се допадне тебе ова, ама сакав да те замолам вака, да замижиш за ова. Значи, една екипа, 4-5 души од овдека, на Мацко брат му, такви некои, шо ќе бидат со мене таму.

ГЈ: Бараби.

МП: Да. Што ќе бидат со мене таму. Пошто ми требаат, тешки глупости има таму, плус и за нашиве да им го држат стравот, а и така, да бидат тука.

ГЈ: На Мацко брат му ќе ти направи уште потешки глупости, ама штом си го одбрал, чувај си го.

МП: Нека дојде сеа, него го познавам. Ќе го држам ја колку шо можам под вакво. Да ти пратам имиња и презимиња на луѓево шо ќе дојдат?

ГЈ: Не бе, нека шибаат, не е проблем, само нека се јават. Пошто на пример, он не е кај мене, он е у СВР.

МП: Аха.

ГЈ: Нека му каже на тој што му е шеф да не му пишува ништо, нема гајле, не е проблем.

МП: Фала ти многу.

ГЈ: Нема гајле бе. Ајде.

МП: Ајде чао.

ГЈ: Ајде чао.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски