Тунтев: Дали Петрески е жртва на фијаското на Бакрачески?

Од:

Дали на власта и треба нов политички прогон со монтиран судски процес за одвлекување на вниманието на јавноста од секојдневните скандали и случувања кај нас? – праша првиот човек на охридските социјалдемократи, Томислав Тунтев.

Изгубената доверба во судството, селективна правда, контролата на власта врз судството и политички притисок врз судиите, нотирани во Извештајот на ЕК, Извештајот на американскиот Стејт департмент и извештаите на други меѓународни организации, оставаат сомнеж дека и овој случај на приведувањето на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески претставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта – рече Тунтев на денешната прес – конференција.

Тој потсети дека кога Петрески беше градоначалник на Охрид, локалната власт беше под силен притисок, постојана контрола и целосна блокада на работењето од страна на централната власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Дали дополнително, Петрески е жртва и на фијаското на градоначалникот на Охрид, Бакрачевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој не може да ги реализира ветените проекти од неговата програма, а ги задолжува охриѓани? – праша Томислав Тунтев, претседател на огранокот на СДСМ во Охрид.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија