Тунтев: БЕСА треба да има член на ДИК, но тоа да биде согласно со Законите

Од:

Пратеничката група на СДСМ и на здружената коалиција смета дека партијата БЕСА треба да има член на Државната изборна комисија (ДИК), но оти притоа треба да се почитуваат законските прописи.

– Ние не отстапуваме од тој став ниту како партија, ниту како пратеничка група, меѓутоа нормално почитувајќи ги и другите законски одредби затоа што матичната комисија во Собранието треба да одлучи каде е проблемот во ова прашање односно помеѓу кои закони постои колизија во нивното спроведување и даде автентично толкување во барањето на БЕСА, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев.

Партијата БЕСА смета дека треба да има член во ДИК имајќи го предвид резултатот постигнат на последните предвремени парламентарни избори во декември.

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски, пак, вели дека единствен надлежен за тоа прашање е Собранието на Република Македонија. Во интервју за МИА тој потенцира дека членовите на ДИК се избрани од Собранието на Република Македонија во процедура и со мандат утврден согласно Изборниот законик .- Оттаму единствен надлежен орган за одговор на ова прашање е Собранието на Република Македонија, изјави Чичаковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски