Во полициската станица Неготино вчера од граѓанин е пријавено дека во близина на демиркапиското село Барово има човечки леш во фаза на распаѓање.
Извршен е увид, а по наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција. Во тек се мерки за утврдување на идентитетот на лицето и за расчистување на случајот.