Трудницата која почина од Ковид-19 постојат сомнежи дека била жртва на семејно насилство

Од:

За родилката која почина пред два дена во ГОБ „8 септември“ како последица на Ковид-19, постојат сомнежи дека била жртва на семејно насилство, за што Гинеколошко-акушерската клиника не пријавила до надлежните истражни органи. Директорката на ГАК, Викторија Јовановска, за „А1он“ вели дека сомнежите, ги негирала 22-годишната трудница.

„Нашите информации говорат дека од семејството сакале трудницата да биде хоспитализирана, но таа велела дека сака да си оди дома иако имаше дијабетес со гликемија 30 и тешка состојба поради ковидот, иако тестот беше негативен. Точно е дека и течеше крв од носот, но таа негираше дека станува збор за семејно насилство. И на нас ни беше многу важно, дали станува збор за семејно насилство, но она што досега го знаеме е дека семејството инсистирало таа биде хоспитализирана. Можеби, во текот на тој процес биле малку поагресивни, но таа негираше дека некој употребил физичка сила врз неа“, вели за „А1он“ директорката на ГАК, Викторија Јовановска.

22-годишната трудница почина на 9 декември во ГОБ „8 септември“ како последица на Ковид-19. Таа страдала и од коморбидитети. Во Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје била хоспитализирана на 26 ноември во тешка состојба и родила мртов плод со царски рез. Три дена таа била на респиратор, но и покрај обидите на лекарите, тие не успеале да ја спасат. Ова е шеста трудница која го губи животот како последица на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците