Трудна кучка обесена и бодена во стомак со нож – полицијата се потсмевала, не работеле за кучиња

Од:

Кога помислуваме дека сме виделе се и не може повеќе да не изненади ништо, сведочиме за умоболие кое не можевме да замислиме – во Росоман, мирна локална кучка, скучна,т.е пред пораѓање е обесена и потоа бодена со нож во утробата, крвнички убиена додека се борела за последен здив. Ја убил психопат и садиста, според нашите податоци Зоран П. од село Росоман, инфорамираат од Здружението за заштита на животни, Анима Мунди.

Кога за оваа монструозност активист од Велес (здр. Гласот за животните) отишол во полиција да изврши пријава на дело кое според Кривичниот закон предвидува затворска казна, полицајците не само што не сакале да извршат евидентирање на дело, туку го избркале пријавувачот. Се потсмевале, не работат тие за кучињата. За кого работат, работат ли воопшто нешто, прашуваме!?

Каква е тоа полиција која не препознава монструозност во ваков чин, која ваквата девијантност ја перципира како нешто нормално и прифатливо? Знаат ли полициските службеници дека мачењето животни е кривично дело кое се гони по службена постапка и дека за истото е предвидена казна затвор од година дена?

До кога ќе се преправаме дека ништо не се случува, до кога ќе се казнуваат граѓани и за фрлен опушок, а вакви насилници и деликвенти се оставаат на мира да сакатат, мачат, убиваат што ќе им дојде на памет?
Ние денес поднесуваме кривични пријави но и пријави во внатрешна контрола против службено лице. Ги поднесуваме свесни дека институциите како и до сега нема да мрднат со мал прст, туку ќе постапат бирократски, колку да се покрие случајот. Да бирократски, бидејќи единствени кои истражуваат, пријавуваат насилство врз животните и бараат казни се граѓаните и здруженијата за заштита на животни!

Сметаме дека е срамно што единствени кои истражуваат и пријавуваат се активистите а не претставниците на институциите кои се платени да постапуваат по службена должност.

Активисти и волонтери ја вршат улогата на државата, изигруваат и инспектори и полицајци.

Анима Мунди има најмалку 100 пријави на годишно ниво против мачење и убивање, но тоа темпо институциите не можат ниту сакаат да го следат – наместо истраги и казни ретко кога добиваме повеќе од нивен бирократски одговор!
Бараме Полиција за животни во која ќе работат луѓе од активистите, оние кои ја знаат важноста да злосторството врз животните биде превенирано/евидентирано/казнето за да не се повтори. Активистите се единствените кои до сега дејствуваат и нешто прават! Бараме Полиција веднаш зошто дивеењето врз животни ја деградира хуманоста и Република Македонија, реагираат од Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on