ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е дволичен за Мал Ринг

Од:

СДСМ во 1997 година изгласа Детален урбанистички план за Мал Ринг со кој се предвидуваа многу повеќе објекти отколку со проектот „Скопје 2014“ и тоа ја покажува дволичноста на СДСМ, рече Сашо Трпески, советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар.

– Во време кога СДСМ беше на власт во општина Центар, архитектот Мирослав Грчев во 1997 година предложи проектантски план на конкурс за Мал Ринг, за потоа како градоначалник лично тој да го даде на Советот на општина Центар за да го изгласа. Планот за Мал Ринг не е само план на Мирослав Грчев, туку е и план на СДСМ, бидејќи истиот е поддржан од мнозинството советници на СДСМ истата таа 1997 година.

– Скандалозно е што СДСМ за сè што досега го напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ за проектот „Скопје 2014“, претходно го имаа поддржано гласајќи го ДУП-от предложен и проектиран од нивниот тогашен градоначалник, Мирослав Грчев – рече Трпески.

– Во ДУП-от за Мал Ринг кој што Грчев го исцрта, а СДСМ го изгласа јасно се гледа дека се предвидува објект на местото каде што сега се гради црквата „Свети Константин и Елена“. Со оглед на фактот што СДСМ се противеше на изградбата на овој објект, логично се поставува прашањето што бил планот на СДСМ и Грчев да се изгради на просторот на оваа маркица.

– Дали можеби на местото каде што сега се гради црквата „Свети Константин и Елена“ се предвидувала изградба на приватен деловен објект или можеби трговски центар, прашува советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трпески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ