Трпејца не може да блокира пат, Велешта може

Од:

На Трпејчани не им дозволи, на жителите на Велешта полицијата им дозволи да блокираат пат кој води кон граничен приемин. Дали со ова полицијата покажува дека има двоен аршин кога е во прашање изразувањето на незадоволства преку протести прашуваат граѓаните?

Ако на жителите на охридска Трпејца пред некој ден не им беше дозволено да го блокираат патот кој води кон Свети Наум под образложение дека тоа било во спротивност со законот за безбедност во сообраќајот, жителите од струшко Велешта вчера пред очите на дваесеттина полицајци два часа ја блокираа раскрсницата која води кон граничниот премин Ќафасан.

Трпејчани уште рекоа дека од полиција им било речено дека за секој оној кој ќе се обиде да го блокира патот ќе следува и казна од 300 евра.

„Ни беше дадено до знаење дека според законот за безбедност во сообраќајот не е дозволено блокирање на патишта и ние тој протест го одржавме без блокирање на патот. Со какви аршини се мерат тие работи, дали према едни со едни, а према други со други закони тоа не знаеме.

Према законот доколку организаторите вршат блокирање на било кој пат за секое физичко лице следувало глоба во висина од 300 евра“, изјави Перо Анѓелоски од Месна заедница Трпејца.

Трпејчани прашуваат дали казни од по 300 евра сега ќе следуваат за жителите на Велешта кои го блокираа патот кон Ќафасан .

„Ја повикуваме полицијата да одговори, како на нас од Трпејца не ни дозволуваше да го блокираме патот а, во Струга вчера албанците го блокираа патот. Во нашата земја има два закони, за едни е мајка, за другите маќеа“, рече Ристо Ташкоски жител на Трпејца

Полицискиот портпарол Стефан Димовски за А1 кажа дека вчерашниот протест во Струга бил дозволен бидејки по направената проценка било утврдено дека на патот кој беше блокиран има алтернативен пат по кој може беспречено да се одвива сообраќајот, додека во случајот со Трпејца таков алтернативен пат немало.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани