Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија на претходна постапка

Од:

Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар откога Основното јавно обвинителство отвори истрага против нив за кривичното дело „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење“.

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи Вадедин Даути.

Според Обвинителството, осомничените како соизвршители на 25 јуни наложиле поставување три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора на системот за водоснабдување, со цел да го тестираат притисокот на водата. При увидот извршен на 16 јули било утврдено дека две од пумпите сè уште биле во функција и преку нив се вршело пренесување вода со штетни материи во системот за вода за пиење.

Анализите на Институтот за јавно здравје покажале дека водата од површинскиот канал е многу загадена и неупотреблива за каква било намена, а загадување било констатирано и во примероците од каптираниот извор и од водоводната мрежа, поради што Обвинителството оцени дека постои основано сомнение за сторено кривично дело.

За мерките што ќе им бидат определени на осомничените ќе одлучи судија на претходна постапка. Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека истрагата продолжува со преземање дополнителни истражни дејствија.

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски