Тројца загинати во сообраќајката кај Кичево

Од:

Три лица, од кои две малолетни, загинаа, и тројца се тешко повредени во сообраќајната незгода што вчера попладне се случи на магистралниот пат Кичево – Скопје во близина на селото Колари.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека двајца од поврдените се префрлени во Ургентниот центар во Скопје, а еден во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

– Увидот заврши, а причините за незгодата дополнително ќе се утврдуваат, изјави Димоски.

Незгодата се случила во 18 часот и 20 минути при судир на две возила со струшки и кичевски регистарски ознаки.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски