Тројца вработени од МВР позитивни на Ковид 19, не биле теренски ангажирани

Од:

Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи се заболени од коронавирусот. Едниот е полициски службеник во ПС – Бит пазар, вториот е од крим техника и третото лице, кое е денеска потврдено, е од оддел за јавни набавки во Министерството за внатрешни работи.

Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во емисијата Топ тема на Телма, кој рече дека тие се на болничко лекување и дека не станува збор за лица кои работат на терен.

Со сите лица кои биле во контакт со заболените извршен е разговор и дел од нив се тестираат и од досега тестираните, Чулев рече дека ниту едно не е докажано дека е позитивно на Ковид-19.

Додаде дека со решение сите се во самоизолација, а денеска во координација со Министерство за здравство извршено е интервју од епидемиолог и дезинфекција на просториите во Министерството за внатрешни работи. Претходно, при утврдување на присуство на коронавирусот кај лицето од ПС – Бит пазар, е направена целосна дезинфекција и полициската станица нормално функционира.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски