Тројца тешко повредени, автомобил излета од пат на магистралата Гостивар – Кичево

Од:

Дваесет годишен возач и двајца сопатници се тешко повредени откако попладнево, возилото со кое патувале, излетало од коловозот на магистралата Гостивар – Кичево, во близина на Здуњски мост.

Според првичните сознанија на полицијата, возилото со кое управувал Х.П. (20), околу 16 часот и 20 минути, најверојатно поради неприлагодена брзина, излетало во околните ниви и неколку пати се превртело. Во сообраќајната несреќа освен возачот, кој од здобиените повреди е во животна опасност и е пренесен на скопските клиники, на лекување во гостиварската болница се здржани и В.П. (18) и Б.И. (44), сите од гостиварското село Мирдита.

Според СВР Тетово, возилото е многу оштетено, а за да се извлечат повредените, била ангажирана и екипа на противпожарната единица.

Во тек е увид од страна на истражен судија, јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски