Тројца скопјани претставувајќи се како „Алфи“ ограбиле сограѓанин

Од:

Истражен судија на тројца скопјани им одреди 30-дневен притвор бидејќи со лажно претставување како припадници на полициската единица „АЛФИ“ ограбиле сограѓанин.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, Ф.И. (22), А.А. (23) и Г.Т. (22) сите од Скопје  се приведени поради сомнение дека извршиле две кривични дела и тоа – „разбојништво“ и „лажно претставување“.

Тројцата осомничени вечерта на 9-ти овој месец со автомобил  марка „Шевролет Матиз“ со скопски регистарски таблички сопственост на А.А. се упатиле на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во непосредна близина на МРТ каде го пресретнале оштетениот 37-годишниот Е.Х. од Скопје кој се движел пеш сам и му се претставиле дека се полициски службеници од полицискиот тим „АЛФА.  Притоа, му побарале лична карта за да го легитимираат.

Оштетениот поверувал дека лицата се припадници на единицата „АЛФИ“ бидејќи второпријавениот А.А. со себе носел и радио станица, поради што им го дал својот личен пасош за легитимација. Откако го легитимирали, првопријавениот Ф.И. од Е.Х. побарал да извади се од џебовите. Тој ги извадил парите, по што Ф.И. го фатил за раката и со употреба на физичка сила му ги отргнал парите од рака, при тоа удирајќи го со бокс во пределот на левиот образ. Откако пријавените ги земале парите (1.000 денари) влегле во ПМВ и избегале во непознат правец.

Пријавените биле лоцирани и фатени наредниот ден еден час по полноќ на улицата  „Цветан Димов“ бб Скопје од страна на полициските тимови на единицата „АЛФА“, по што биле приведени во полиција, каде им е одземен автомобилот, радио станица и картичка со натпис „АЛФА“.

Во просториите на полицијата „Кисела Вода “ оштетениот Е.Х. ги препознавл пријавените како сторители на кривичното дело, како и возилото со кое побегнале.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски