Тројца повредени во тешка сообраќајка во селото Лешок

Од:

Три лица завршиле со повреди, од кои едно со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера во селото Лешок.

Во несреќата учествувале товарно моторно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Н.Р. од село Желино, и патничко моторно возило „пежо“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот Н.А., со сопатничка 59-годишната Ш.А., двајцата од село Непроштено.

„По несреќата, тие се пренесени во Клиничка болница Тетово каде им се констатирани повреди на возачите Н.Р. и Н.А., а на сопатничката Ш.А. и е констатирана тешка телесна повреда. Увид на лице место изврши екипа од СВР Тетово“, информираат од полицијата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он