А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Тројца повредени во тепачка во Гостивар

by А1он18/05/2013 - 11:35110
Share0

Три лица се повредени во тепачка меѓу две групи што се случила синоќа во гостиварската населба „Седма зона“. Во тепачката, како што информира СВР Тетово, било користено и огнено оружје.

Добивај вести на вибер

Според првичните информации на полицијата, 45-годишниот Ф.А. е задржан во полициска станица и е осомничен за нанесување тешки телесни повреди.

Тепачката, според кажувањата на осомничениот, настанала откако 18-годишниот А.Ш. и 21-годишниот И.Ш од гостиварското село Чегране околу 20 часот со комбе со поголема брзина поминале во близина на неговиот дом. Откако застанале меѓу нив настанала вербална расправија по што Ф.А. ги натепал момчињата кои потоа побарале медицинска помош. Половина час подоцна пред домот на Ф.А. пристигнала помала група на роднини и пријатели на момчињата, а меѓу нив бил и Е.И. (45) кој по тепачката се здобил со прострелна рана во десната потколеница.

По пријавувањето на случајот извршен е увид од јавен обвинител, истражен судија и крим техника. Деталите за инцидентот ќе бидат познати подоцна откако ќе заврши сослушувањето на учесниците и сведоците на настанот. 

 

crna hronika

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он22/03/2026 - 14:16

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Предраг Петровиќ01/07/2025 - 16:56

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 11:26

Прегазено дете во Штип

Катерина Ѓуровски03/01/2021 - 13:08

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска30/12/2020 - 14:4731/12/2020 - 01:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен