Тројца повредени во сообраќајки во Тетово и Гостивар

Од:

Тројца пешаци се повредени во две сообраќајни несреќи што изминатата ноќ се случиле во Тетово и Гостивар, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој посочи дека во првиот случај околу 20 часот и 20 минути возило со непознат возач на крстосницата од булеварот „Илинденска“ и улицата „29 ноември“ во Тетово налетало и удрило врз пешаците Б.А.(55) и Г.А.(26) и двајцата од Тетово. По сообраќајката возачот со возилото веднаш го напуштил местото од несреќата.

Двајцата пешаци, појасни, се здобиле со телесни повреди и биле префрлени во Тетовската клиничка болница каде по укажаната лекарска помош биле задржани на болничко лекување.

Според првичните податоци од полицискиот увид, нагласи Јосифовски, причина за сообраќајката е тоа што непознатиот возач не ги пропуштил пешаците да поминат на пешачки премин односно недавање на првенство. Казната за овој вид сообраќаен прекршок е 300 евра во денарска противвредност.

– Нешто подоцна околу 21 чсот и 10 минути на улицата „Кеј Братство единство“ во Гостивар патничко возило „Опел“ со гостиварски таблички управувано од гостиварецот Б.Р. (61) удрило 13-годишно девојче пешак исто така од Гостивар. Девојчето се здобило со телесни повреди и со истото возило било пренесено во Гостиварската болница од каде по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Полицијата извршила комплетен увид кој покажал дека и тука причина за несреќата е непропуштање пешак на пешачки премин, информира Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози