Тројца повредени во сообраќајка кај Ред кафе

Од:

Три лица се повредени во сообраќајна незгода што попладнево се случи на улицата „Владимир Комаров“ („23 Октомври“) во скопската населба Аеродром, непосредно до Ред кафе.

Во сообраќајката учествуваа „мерцедес“ со бугарски таблички и „мини“ со скопски таблички.

Според очевидци, во сообраќајната незгода се повредени возачот и сопатникот во „мерцедесот“ со таблички од Ќустендил и жената што го управувала „минито“. Тие веднаш се транспортирани со возило на Итната помош.

Во моментов сообраќајот на улицата е во прекин и се пренасочува од припадници на полицијата.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он