Тројца осомничени за вчерашното убиство во Охрид

Од:

Три лица од Охрид се товарат за виновни за инцидентот со смртни последици што вчера се случи на улицата „Будва“ во охридската населба „Радојца Новичиќ“. Станува збор за Н.С. (79), З.С. (45) и Д.С. ( 24) сите од Охрид, против кои полицијата поднесе кривични пријави за сторено казнено дело „убиство“.

Според полициското соопштение, вчера попладнето околу 17:30 часот пред продавница на пресекот на улиците „Будва“ и „Радојца Новичиќ“ во Охрид, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка, во кое од здобиените телесни повредни починал 58-годишниот С.Г. од Охрид.

До инцидентот со смртни последици дошло при физична пресметка на тројцата пријавени од една и починатиот С.Г. со неговиот син М.Г. (29) од другата страна.

Првично дошло до жестока вербална расправија помеѓу сега починатиот С.Г. и пријавениот Н.С. во која се вклучил и синот на сега починатиот. По кусо време на местото на настанот пристигнале и во тепачката се приклучиле пријавените З.С. и Д.С. кои физички го нападнале С.Г. нанесувајќи му фатални повреди на главата.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија