Тројца малолетници од Скопје се затруле од енергетски пијалок

Од:

Тројца малолетници од Скопје вчера се затруле од енергетски пијалок кој го купиле во трговскиот комплекс „Радишани“, соопшти МВР.

Вчера во 17:01 часот од Детска клиника при Клинички центар-Мајка Тереза во полиција било пријавено дека кај нив биле донесени тројца малолетници, двајца на возраст од 12 и еден на 11 години, сите од Скопје, кои биле затруени од енергетски пијалок „Симбо“, кој го купиле во трговскиот комплекс „Радишани“.

Со возило на итна медицинска помош децата биле пренесени во Детската клиника, каде било констатирано труење.

За настанот биле известени ОМД-Чаир и Агенцијата за храна и ветеринарство. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски