ВИДЕО: Тројца македонски државјани на бродот со коронавирус во Јокохама, Јапонија

Од:

Според последните информации добиени од министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот.

Досега се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.

Граѓаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во Јапонија, за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска