Тројца кандидати сомнителни дека соработувале со тајните служби

Од:

Комисијата за верификација на фактите од една од четирите надлежни институции доби повратна информација дека три лица од кандидатите за носители на јавна функција како советници и градоначалници фигурираат во нивната евиденција, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Предраг Димитровски.

Тој информира дека за денеска во 13 часот закажа е седница на која членовите на Комисијата треба да се изјаснат дали тие три лица биле соработници на тајните служби од идеолошко-политички или од партиски причини.

– Комисијата за верификација на фактите ја исполни обврската и во предвидениот рок ги испрати до Управата за безбедност и контраразузнавање, Државениот архив, Агенцијата за разузнавање и Воената служба за разузнавање при Министерството за одбрана проверените кандидатски листи, односно  на 6.339 лица-кандидати за носители на јавна функција како советници и градоначалници, рече Димитровски.

Ова е првпат Комисијата за лустрација да биде директно вклучена во изборниот процес. – На минатите локални избори кандидатите поднесуваа изјави заверени на нотар дека не биле соработници на тајните служби и ги доставуваа во ДИК со оглед дека тогаш Комисијата за лустрација не беше формирана и не функционираше, додаде тој.

Овој изборен циклус, како што рече, покажа дека Комисијата за верификација на фактите целосно ја исполни својата законска обврска во предвидениот рок.

– Дали и колку известувања ќе дојдат од четирите надлежни институции ќе видиме следниве два-три дена, меѓутоа членовите на Комисијата се тука да одлучуваат по сите известувања евентуално што ќе бидат добиени, истакна портпаролот Димитровски.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска