Тројца изнесени со лисици, дел не се појавиле на работа – апсења за скандалот Онкологија

Од:

Од утринава се вршат претреси кај лица за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а од обвинителството за А1он велат дека повеќе детали ќе има во текот на денот.

Според информациите на А1он, полицијата влегла во клиниката околу 8 часот утринава. Дека има три лица уапсени на своите работни места потврдија и директорите на клиниката, Виолета Клисарова и организацискиот директор, Халид Матоши, во изјава за медиумите.

Нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен. Се работи за две медицински лица и за еден вработен.

Според информациите приведени се екс директорот Нино Васев, едно медицинско лице и едно вработено лице од клиниката. Според информациите на А1он со постапката според првичните, неофицијални информации опфатени се и поранешен економски директор на клиниката како и секретарка на поранешен директор. Како што дознаваме, и еден од лекарите, кој утринава бил побаран од полицијата денеска не се појавил на своето работно место, ниту пак претходно најавил некакво отсуство.

Исто така според непотврдени информации уапсена е и секретарката на директорот за која имаме информации дека не е уапсена на своето работно место, бидејќи како што потврдија директорите на Онкологија, таа денес не се појавила на работа, но е недостапна на својот телефон кога се обиделе да ја добијат. Од клиниката велат немаат информации за другите уапсени, кој евентуално биле приведени од своите домови или надвор од просториите на клиниката. Тие потврдија само за трите лица кој се приведени во просториите на Онкологија.

„ Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот“, изјави Матоши

Некои од медиумите велат дека три лица кои требало да бидат опфатени со постапката се избегани во странство уште додека траела предистрагата.

Како што веќе објавивме, полицијата врши претреси во домовите на дел од лекарите и персоналот на скопска Онкологија, за кои постојат сомнежи дека учествувале во злоупотребите на клиниката.

„На Клиниката за онкологија и радиотерапија се вршат редовни прегледи и на пациентите континуирано им се дава терапија. Исто така, пациентите ги добиваат редовните третмани“, а за сите други информации обратете се до надлежните. Сите закажани пациенти, тековни прегледи предвидени терапии на пациентите, како и прием на нови пациенти функционира нормално. Работат сите амбуланти. Работиме со полн капацитет на Клиниката и затоа замолувам да не се создава паника. Никој од пациентите нема да биде вратен. Сите ќе ја примат предвидената и планираната терапија “, изјави директорката Клисарова за медиумите.

 

Би можело да ве интересира

Уапсен е заменикот на Шојгу, осомничен е дека примил поткуп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Приведен 23-годишен дилер во гостиварско

А1он

Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

А1он