Членови на ВМРО-ДПМНЕ пред судот тврдат дека не донирале за партијата, иако има уплати со нивни податоци

Од:

Од распитот во Специјалното јавно обвинителство, членот на ВМРО-ДПМНЕ Лазар Настевски од Кочани, разбрал дека во изборните кампањи во 2011 и 2013 година, за оваа политичка партија два пати донирал по 60 илјади денари.

dobivaj vesti na viber

Давајќи исказ во Кривичниот суд, тој рече дека преку банка извршил неколку уплати за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително овој сведок денеска истакна дека во штабот на партијата потпишал уплатница само во графата на име и презиме, односно лични податоци, и ја оставил таму.

-Не се сеќавам по кое барање беше тоа. Во штабот ниту еден од присутните во судница не беше, рече сведокот.

Свој исказ на денешното рочиште за „Титаник” имаше и Елида Кецкаровска од Скопје, која пред Кривичниот совет рече дека е невработена, односно никогаш не била вработена и дека ниту еднаш за никоја политичка партија не донирала, ниту еден железен денар.

-Познато ми е дека постои уплатница во вредност од 60 илјади денари платено за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Но тоа уплатница не е моја. За оваа работа разбрав кога бев повикана во СЈО, тие ми ја предочија уплатницата во оргинална форма, изјави сведокот Кецкаровска, која уште додаде дека со ниту еден од обвинетите не се познава.

Во меѓувреме во судница се појави и сведокот Анета Каровчева од Скопје, која како и претходниот сведок кажа дека прв пат разбрала дека е во листа на донатори за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, кога била повикана во СЈО.

Следното рочиште за предметот „Титаник” е закажено на 13 април.

Овој случај за изборни нерегуралности го застапува обвинителката Лиле Стефанова, додека судскиот предмет го води судијата Осман Шабани.

Во „Титаник“, освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Побаран куќен притвор за Јанакиески

Кристијан Ландов

Титаник: Јанакиески доби најголема казна од 4,6 години, Протуѓер е условно, Јанкулоска 2,6 години затвор

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Каевски: Признанијата за „Титаник“ ги потврдија криминалот и изборните измами на ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Стефанова побара условни казни за Протуѓер и Јанкулоска во „Титаник”, но не и за Јанакиески

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Признанија за вина во „Титаник“: Протуѓер, Јанкулоска, Јанакиески и пет други обвинети преземаа одговорност

Кристијан Ландов

Судењето за случајот „Титаник“ одложено за 30 септември