Две тркалезни маси првата посветена на економско социјална тема за поттикнување на вработувањето или социјалан помош и втората од полето на екологијата или колку се инвестира во животната средина, се одржаа денеска на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, во организација на Институтот за економско истражување и политики Finace Think од Скопје, а со поддршка од Британската амбасада во Скопје.
Двете дебати се дел од проектот „Како се трошат народните пари“. Во првата дебата беа преставени истражувањата и препораките за две мерки – родителскиот додаток за трето дете и субвенционираното вработување на млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси.
Според заменик амбасадорот од Британската амбасада Пол Едвардс весникот „Гардијан“ и другите весници во Британија постојано даваат информации за тоа како се распределува државниот буџет врз основа на нивната можност за слободен пристап до потребните информации.
– Државно субвенционирање во основа значи земање пари од голема група и давање на истите на мала група. Мора де се има информации која е целта што се сака да се постигне со тоа, колку пари се потрошени и дали целта е постигната. Затоа е потребно транспарентност за овие податоци, умни луѓе што ќе ги постават вистинските прашања и луѓе што ќе ги претстават добиените податоци на начин разбирлив за сите, изјави заманик амбасадорот Едвардс.
За Катерина Јакимовска од Зип Институтот во периодот од 2009 до 2015-та година околу 21 илјада семејства земаат додаток за трето дете или во вкупна вредност од над седум милијарди денари.
– Имаме мал пораст на новородени деца во овој период, но тој не како што се очекуваше. Оваа мерка треба да се дополни со серија на други мерки што предвидуваат подобрување на животниот стандард, можност за решавање на станбеното прашање на младите, вклучување на овие жени на пазарот на трудот, подобрувањена потребната инфратсруктира со изградба на градинки и училишта со што целаат програма би имала поголем ефект, изјави Јакимовска.
Според Павле Гацов од Проагенс мерката за вработување на млади лица до 29 години што според законот трае од март 2014 до март 2016 година има големи придобивки за компаниите и треба да се разгледа нејзино продолжување бидејќи вака младите се задржуваат во државата и не се иселуваат, се подигнува квалитетот на животот, се намалува криминалитетот и друго.
– За разлика од оваа мерка каде има ограничувања и услови што предвидуваат за 12 маесеци придонесите да ги плаќа државата а потоа компанијата мора уште најмалку 12 месеци да го задржи вработениот кај мерката вработување на лица од 50 до 58 години нема никави услови така што многу лица од оваа категорија дадоа отказ и потоа се самовработија за да ги искористат можностите за неплаќање на придонеси до пензија односно имаме појава на преселба на веќе вработени лица од една во друг категорија така што тука е потребна преземње на мерки за избегнување на вакви можни аномалии, рече Гацов.
Во однос на темата за животната средина професорот од Универзитет Американ колеџ од Скопје Зоран Шапуриќ истакна дека Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 ги усвојува европските регулативи и директиви во оваа област но оти на планот на нивно спроведување заостанува.
– Потребен е повеќе секторски пристап во примената на мерките односно подобра координација и на институциите до екологија, здравство, економија, индустрија, трнаспорт и така натаму. Нашите стратегии и планови треба да бидат согласно европските стандарди но прилагодени на постојните услови и капацитети како на пример обврската дека до 2015 та година ќе рециклираме 50 отсто од отпадот, а на терен тоа се реализира со 10 до 15 отсто, вели Шапуриќ.
За Блаже Јосифовски од „Ајде Македонија“ многу е мала искористетноста на јавните средства за спроведување на политики за заштита на животната средина преку управување со отпад.
– Извозот на отпад последните години бележи трицифрен пораст што значи тука има економски интерес што не го согледуваме доволно. Од друга страна иако има средства од ИПА фондовите на ЕУ за уредување на 8 те регионали депонии за отпад низ државата единствено скопска Дрисла исполнува некакви миминални стандарди додека другите ништо и затоа имаме негативно влијание врз почвата, водата и воздхот, смета Јосифовски.
Раде Гоговски од Здружението за развој и активизам АКВА од Струга посочи дека согласно нивната анализа посветена на „Југохром“ од Јегуновце поголема штета би се направила со затворање на фабриката со околу илјада вработени отколку со инвестирање во соодветен систем за отпрашување.